Сопругата на Рејес ја објави неговата последна порака пред трагедијата! (ФОТО)
Непосредно пред несреќата, на Рејес му пукнала гумата на автомобилот и во немоќ да го исконтролира своето возило се забил во банкина, а потоа преминал во спротивната лента, се превртел и се запалил.
На самото место починале Рејес и еден негов роднина, додека другиот бил однесен во болница со сериозни повреди.
Поминаа повеќе од два месеци од трагедијата, а сопругата на трагично настраданиот фудбалер, Ноела Лопез, на социјалните мрежи објави скриншот од последната порака која ја добила од Рејес.
Добро утро, душо, те сакам, напишал нејзиниот сопруг во пораката што ја испрати во 7:43 часот наутро, а почина четири часа подоцна како резултат на сообраќајната несреќа.
Ноела Лопез по неговата смрт со емотивно писмо се збогува од него.
Љубави, не можам да ја издржам оваа голема болка. Не остави само, ми ја зема желбата за живот. Денес морам да ти кажам збогум, но немам сила. Ќе ти кажам дека ќе те видам наскоро затоа што ние ќе бидеме заедно засекогаш. Животе мој, помогни ми, затоа што не можам да го замислам животот без тебе. Помогни ми да ги одгледам нашите ќерки. Дај ми сила. Ние секогаш ќе мислиме на тебе, те чуваме вечно во нашите срца. Ти ни го даде најдобриот можен живот и не остави со најдобри спомени. Во очите на Ноелин те гледам тебе, а во насмевка на Триана ќе се смеам со тебе. Те сакам и секогаш ќе те сакам, напиша таа.