Солшер пред дуелот против Норич: Нивната филозофија е јасна, наше е да победиме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер се надева на силна игра на неговиот тим во натпреварот во Премиер лигата против Норич во недела.

Норвежанецот верува дека неговиот тим и покрај слабите резултати сезонава ќе дојде до победата на овој гостински дуел.

Се надеваме дека ќе ги запреме затоа што тие секогаш играат силно на „Кероу Роуд“. Тие покажаа многу храброст на нивниот натпревар против Ливерпул. Тие беа храбри и играа во свој стил. Ова им даде добри резултати против Њукасл и Манчестер Сити. Нивната филозофија е јасна. Ние мора да се подготвиме добро за нив. Може да бидеме свежи затоа што мора да го покажеме најдоброто, за да имаме шанса да победиме, изјави Солскјаер за медиумите.

Вчера, Јунајтед победи со 1-0 на гостувањето кај Партизан во натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ моментно се на 14-то место во Премиер лигата со само 10 бода, додека Норвич е со 7 поени на 19 место.