Солшер: Манчестер јунајтед е поголем клуб од Сити!

Манчестер сити денеска од 18.30 часот го пречекува Манчестер јунајтед во рамки на големото градско дерби во Премиерлигата. 

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер без двоумење на вчерашната прес-конференција рече дека Јунајтед е далеку поголем клуб од Сити.

„Дали сметам дека сме поголемиот клуб? Да! Нема дебата дека моментално сме далеку зад нив во однос на бодовите, но што да правиме? Да се предадеме? Да не ги предизвикаме?“, рече менаџерот на Јунајтед.

Манчестер јунајтед можеби има 20 титули во Премиерлигата зад своето име, а последната дојде во 2013 година, но Сити е тимот што доминира изминативе шест сезони. Доколку тимот на Пеп Гвардиола и оваа сезона заврши пред Јунајтед, тоа ќе биде седма во низа како Сити е подобро рангиран од Јунајтед, а такво нешто се нема случено уште од 30-тите години од минатиот век.