Солшер контра Клоп за голот на Јунајтед: Прекршок? Па, ова не е кошарка!

Манчестер јунајтед не успеа да се врати на победнички патеки, иако екипата на Оле Гунар Солшер беше блиску до такво нешто, но Ливерпул во последните минути успеа да освои бод (1-1).

„Црвените ѓаволи“ имаа предност од 1-0 до 85. минута, но Ливерпул потоа успеа да освои бод, а по мечот Јирген Клоп го критикуваше ВАР-системот поради голот на Јунајтед.

Од друга страна, Солшер смета дека немало никаков прекршок во нивната акција.

„Нема шанси. Па, не играме кошарка. Го допре, но тоа не беше доволно за прекршок. Тоа е сосема јасно“, порача Солшер.