Солшер: Глејзерови лично ми се извинија поради Суперлигата!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер им откри на навивачите дека добил лично извинување од сопствениците на клубот, семејството Глејзерови.

Американските милијардери направиле грешка со обидот да влезат во европска Суперлига, која ги налути навивачите и предизвика протести, како и насилен упад на „Олд Трафорд“ пред неколку дена.

„Постојано разговарам со газдите и добив од нив извинување. Сите знаат дека тоа беше грешка. Не е потребно да бидете ракетен научник за да го разберете тоа. Ситуацијата е тешка, но мора да се избориме со неа. Тешка е оваа позиција за мене, но морам да се фокусирам ан фудбалот и да одржам добар однос со нив“, вели Солшер.