Солшер е веќе минато: Пристигнува нов менаџер во Манчестер Јунајтед?!

Еден од најтрофејните тимови во Англија, екипата на Манчестер Јунајтед, веќе неколку сезони е во криза, но овој пат се чини дека „црвените ѓаволи“ го достигнаа својот врв.

Јунајтед е очаен во Премиер лигата и моментно се наоѓа на 12-то место, а пред него следи и најголемио предизвик, натпревар со големиот ривал Ливерпул, кој во одлична форма.

Менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Солшер трпи тешки критики и многумина веруваат дека тој наскоро ќе биде отпуштен.

Солшер пристигна на клупата на Јунајтед во декември минатата година, на местото на Жозе Мурињо, а по добрите резултати клубот му даде тригодишен договор, а од тој момент се тргна во провалија за норвешкиот стручњак.

Англиските медиуми утрово објавија дека Јунајтед веќе започнал преговори со  Масимилијано Алегри, кој е без работа неколку месеци откако беше отпуштен од Јувентус.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Алегри веќе се подготвува да дојде во Манчестер, а веќе одлучил дека негов асистент на „Олд Трафорд“ ќе биде Патрис Евра, кој како играч остави голем белег во овој клуб.