Со новиот договор Меси поставил услов: Него не го сакам во Барселона!

Сега кога Лионел Меси го продолжи својот договор и ја обезбеди иднината во дресот на Барселона, важно ќе биде каков тим ќе се гради околу него, барем до таа 2021 година.

Шпанскиот „Диарио“ информира дека масивната плата од 50 милиони евра (бруто) и бонусот од 100 милиони не биле доволни и Меси имал друго барање во поглед на иднината. Побарал клубот да стопира секакви преговори со Антоан Гризман!

„Меси не го сака“, пишуваат од шпанскиот медиум.

Тој многу повеќе го преферирал веќе добриот пријател, Луис Суарез како партнер во нападот, отколку Гризман. Доаѓањето на Французинот би требало да значи дека Суарез ќе се пресели на клупа, или можеби ќе биде продаден, со оглед дека Осман Дембеле штотуку дојде и допрва треба да ги оправда 150-те милиони кои Барселона ги плати во август за него.

Меѓутоа, се чини дека и онака Барселона не е најблиску до потписот на Гризман. Во трка е и Реал, а се зборува дека Манчестер јунајтед веќе има преддоговор, според кој ќе го купи за 100 милиони евра.