Слот: Не смеам да ви кажам што му реков на судијата!

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот доби директен црвен картон по завршувањето на Мерсисајд дербито против Евертон.

Слот се поздравуваше со судијата Мајкл Оливер, во тој момент му рече нешто и доби црвен картон, а потоа и суспензија.

Откако се смирија страстите, Слот со ладна глава даде многу поблага изјава.

„Ме понесоа емоции. Сега би сакал да направам нешто поинакво. Не смеам ниту да ви кажам што изговорив бидејќи трае истрага. Мислам дека ремито беше оправдано, иако мене ми изгледаше дека испуштивме два бода во тој момент“, прокоментира Слот.