Скандал во Германија: Навивач го исклучи ВАР-системот среде натпревар (ВИДЕО)

Необична сцена е забележана на мечот меѓу Мунстер и Херта, кога на крајот на првото полувреме беше досуден пенал за гостите.

По еден прекршок во казнениот простор, судијата Феликс доби сигнал од ВАР-собата да ја прегледа спорната ситуација.

Меѓутоа, додека судијата да стигне до ВАР-екранот, еден навивач втрча на теренот и го исклучи системот.

Судијата не можеше да ја погледне ситуацијата, па бараше реакција од колегите во ВАР-собата за да се донесе конечна одлука.