Сити се срами од своите навивачи - го навредувале Боби Чарлтон!
Еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата почина во саботата на 86-годишна возраст, а веста за неговата смрт дојде неколку минути по почетокот на натпреварите од Премиер лигата во 16 часот. Тогаш играше и Сити, па откако ја слушнаа информацијата, неколку навивачи на овој клуб почнале да пејат навредливи песни.
„Клубот најостро ги осудува повиците и безрезервно им се извинува на семејството и пријателите на Сер Боби, како и на сите во Манчестер Јунајтед. Нашето обезбедување ги анализира снимките од одредени делови од стадионот и благодарни сме на оние кои го пријавија тоа“, стои во соопштението од Сити.
Боби Чарлтон бил играч на Манчестер Јунајтед 15 години, но тоа не е единствениот англиски клуб за кој настапувал бидејќи една сезона го носел и дресот на Престон.