Сити прави место за Родриго, покрај Грилиш, ќе си одат уште двајца

Иако до почетокот на новата сезона има уште неколку дена, Манчестер Сити се уште не го комплетирал тимот.

Клубот денеска го испрати Џек Грилиш на позајмица, но тој нема да биде последен што ќе си замине од екипата. Неговиот пат најверојатно ќе го следат Савињо кој е пред трансфер во Тотнем за 50 милиони евра, како и младиот Мекати за кого Нотингем Форест дава 20 милиони евра.

Крајната цел на Пеп Гвардиола е да отвори место за фудбалерот на Реал, Родриго кој е негова долгогодишна желба. Наводно, мадридскиот клуб е расположен да го продаде Бразилецот за околу 90 милиони евра, но сепак Сити ќе мора да се испазари и да ја потврди својата намера.