Симоне Инзаги прогласен за тренер на сезоната во Серија А

Интер доминираше оваа сезона во Серија А и освои нов пехар во италијанскиот шампионат, а наградата за најдобар тренер му припадна на Симоне Инзаги.

Инзаги доби најмногу поени од комисијата и заслужено ја доби престижната награда пред конкуренцијата.

„Нераѕурите“ на едно коло пред крајот на сезоната имаат 19 бодови повеќе од градскиот ривал Милан.