Симеоне за Алварез: Се надевам дека ја научи лекцијата

Хулијан Алварез овој викенд се враќа во составот на Атлетико Мадрид, откако клубот го блокираше неговиот обид за трансфер во Барселона.

Аргентинскиот напаѓач повторно му е на располагање на Диего Симеоне откако претходно пропушти дел од тренинзите и првенствениот натпревар против Севиља поради неизвесноста околу трансферот.

Тренерот Диего Симеоне потврди дека Алварез ќе биде во составот за дуелот со Атлетик Билбао.  

„Хулијан Алварез утре ќе биде во составот. Добро тренира и од него го очекуваме најдоброто, како и од сите негови соиграчи“, изјави Симеоне.

Тензиите меѓу играчот и клубот ескалираа кога Атлетико во рок од само 24 часа објави две соопштенија во кои недвосмислено порача дека нема да му дозволи на Алварез да замине во Барселона. 

Поради тоа, Алварез мораше да се помири со останувањето во Мадрид.

„За мене, животот е полн со можности. Хулијан сега има една таква. Често го поминуваме животот осудувајќи ги другите, а треба тоа да го правиме помалку и повеќе да учиме. Се надевам дека ја научи лекцијата“, рече тренерот.

Натпреварот помеѓу Атлетик и Барселона се игра во терминот од 16:15 часот.

Фото: ​Atlético de Madrid