Tрајковски на маса со еден од најголемите на сите времиња - ќе има подкаст со Карл Луис!
Карл Луис е едно од најголемите имиња во светот на атлетиката и зад себе има кариера во која освои девет златни олимписки медали, а дури 89 пати успеа да ја прескокне границата од 8.50 метри.
Трајковски кој ја претставува Македонија последниот настап го имаше на Медитеранските игри во Таранто каде што го освои деветтото место, додека во кариерата досега девет пати беше национален шампион.
Епизодата во која Трајковски ќе зборува со Луис за неговиот живот и кариера ќе се емитува на 14 септември во 18:00 часот.