Во Штип ќе игра напаѓач од Канада!

Штипска Брегалница во своите редови го доведе, Натаниел Лоренцо, напаѓач од Канада од кого има големи очекувања во претстојната сезона.

Станува збор 21-годишен фудбалер кој може да ги покрива сите позиции во нападот.

„Веруваме дека неговата младост, талент и напаѓачки квалитети ќе донесат нов импулс и дополнителна опасност пред противничкиот гол. Лоренцо веќе извесен период тренира со клубот, а денес е неговата официјална промоција“, објави штипскиот клуб.

Кариерата Лоренцо ја почна во неговиот матичен клуб Про Старс Торонто, додека во Европа пристигна во унгарската Татабања.