Силва поради преубавата свршеница по секоја цена сака да побегне од Манчестер!

Португалскиот репрезентативец, Бернардо Силва, прави сѐ да добие дозвола од Манчестер сити летово да се пресели во друг клуб, по можност од поголемите европски центри на барање на неговата девојка, преубавата манекенка Инес Томас (24 години).

Таа инсистира да живее подалеку од студената Англија, па постојано го „буцка“ своето момче да побара реализација на трансферот за кој се говори речиси цело лето. За услугите на Силва се заинтересирани Барселона и ПСЖ, кои се на „позитивната листа“ на убавата Инес, која не би имале ништо против да живее во каталонската престолнина или, пак, во Париз. За неа не се знае премногу во јавноста, освен дека убавината е семеен квалитет, со оглед што нејзината сестра Маријана ја претставувала Португалија на изборот за Мис на светот во 2017 година.

Нејзината врска со Бернардо е сериозна, со оглед што двојката се сврши во мај годинава и се очекува наскоро да се венчаат. Силва кариерата ја почна во Бенфика, по што преку Монако стигна во Сити во 2017 година за сума од 43,5 милиони фунти.