Шпанските медиуми тврдат: Барса и Ајакс го договорија трансферот на Матијас де Лихт

Сагата околу холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт и понатаму трае. Се уште не е познато каде овој фудбалер ќе ја продолжи кариерата. Сигурно е дека Де Лихт ќе го напушти Ајакс во лениот преоден рок по одличната сезона што ја имаше.

Пред неколку недели беше сигурно дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона, но тогаш во трката за дефанзивецот се вмешаа и ПСЖ, Јунајтед, Јувентус и Баерн. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека се е готово и дека Ајакс и Барселона се договориле околу трансферот и дека капитенот на холандскиот шампион ќе ја прифати понудата на Каталонците.

Барса на Ајакс ќе и исплати 75 милиони евра, а конечната потврда на трансферот треба да биде на крајот на месецот. Сепак, се уште не е ништо сигурно. Де Лихт може да се предомисли доколку не се договори со Каталонците или ако добие подобри услови во некој друг клуб.