Шпански новинар откри кој е виновник за хаосот во Реал Мадрид
„Кралевите“ сезонава ја бранат титулата, но не почнаа најдобро. Тренерот Хулен Лопетеги се соочи со првите проблеми во сезоната и сега се наоѓа во резултатска криза.
За да биде уште полоша ситуацијата се шпекулира дека атмосферата во соблекувалната на Реал не е на добро ниво како во претходните сезони, а тоа го потврди и Лука Модриќ.
Шпанскиот новинар Едуардо Инда денска откри дека Лопетеги не може да ги контролира работите во клубот, а најнезадоволен во екипата е токму Хрватот.
„Модриќ му е лут на Лопетеги. Не е задоволен со статусот кој го има, зашто тренерот на Реал често го менува тимот. Модриќ верува дека можел да добие поголема минутажа, а синоќа почна од клупата. Во сите натпревари беше заменувам и само против Еспањол одигра цел натпревар“, кажа Инда.