Шпанците открија: Зидан добил покачување, ама ќе заработува двојно помалку од Симеоне!

Шпанските медиуми денеска открија финансиски детали од договорот на Зинедин Зидан со Реал Мадрид, кој со новиот договор (до 2022 година) ќе заработува по 12 милиони евра годинишно, што е скоро 50-отстотно покажување во однос на платата која ја имал во својот претходен мандат на „Сантјаго Бернабеу“.

Според „Ел Конфиденсијал“, Французинот претходно годишно инкасирал по 7,5 милиони евра, што е вистинска ситница со оглед што на мадриѓани им донесе три победи по ред во Лигата на шампионите. Но, Шпанците веднаш напоменуваат дека Зидан воедно ќе има и двојно помала плата од најплатениот тренер на светот, Диего Симеоне од Атлетико Мадрид, чии примања се проценуваат на 24 милиони евра годишно.

Како за споредба, Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед имал годишна плата од 20 милиони евра, додека во моментов Маурисио Покетино (Тотнем) заработува 10 милиони евра, Јирген Клоп (Ливерпул) има плата од 8,5 милиони евра додека Масимилијано Алегри (Јувентус) инкасира осум милиони евра.