Шокантен трансфер во најава: Канте преминува во голем ривал од Премиерлигата

Челси е подготвен да се раздели со еден од своите најдобри играчи за да го доведе Деклан Рајс од Вест Хем. 

Англискиот весник „Мирор“ објавува дека Енголо Канте е на пат кон Манчестер јунајтед. Французинот цело лето е поврзуван со трансфер во редовите на Интер, но италијанскиот тим нема доволно буџет за да го купи.

„Ѓаволите“ се подготвени да потрошат многу пари на човекот кој веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа. 

Французинот нема да биде првиот фудбалер на Челси што прави шокантен трансфер во Манчестер јунајтед по Немања Матиќ и Хуан Мата. Друго е прашањето дали на менаџерот Оле Гунар Солшер навистина му е потребен Канте, кога летото го доведе Дони ван де Бек, а ги има и Бруно Фернандеш, Пол Погба, Немања Матиќ, Фред и Скот Мектоминеј.