Шок на „Меаца“: Болоња со пресврт го откажа Интер од борбата за титула! (ВИДЕО)

Екипата на Интер го губи чекорот за титулата во Серија А, откако денеска загуби на домашен терен од Болоња со 1-2.

Интер поведе со голот на Лукаку во 22. минута, а откако гостите добија црвен кратон во 57-та, сите помислија дека работата е завршена кога е во прашање победникот на овој меч. Сепак, се се сврте на страната на гостите. Прво, во 62. минута Лаутаро Мартинез промаши пенал, а 12 минути подоцна Болоња израмни на 1-1 со играч помалку. Во 77. минута и Интер остана со десет играчи на терем, откако втор жолт картон доби дефанзивецот Бастони, а три минути подоцна Болоња преку контра успеа да дојде до водство од 1-2, со гол на Бароу.

Со овој пораз Интер е на 11 бода зад лидерот Јувентус и се наоѓа на третото место на табелата во Серија А, зад Лацио.