Шок на Камп Ноу: Јамал постигна гол и - се повреди (ВИДЕО)

Барселона го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме од мечот со Селта, но речиси никој на Камп Ноу не е среќен.

Причина за тоа е повредата на најдобриот играч во тимот Ламин Јамал кој беше главен протагонист во тие моменти. Прво изнуди пенал, па од белата точка го претвори во гол за водство на својот тим, а веднаш потоа легна на теренот и се пожали на повреда. Ханси Флик реагираше и го повлече од игра, а од гестикулациите на Јамал може да се заклучи дека се работи за повреда на задната ложа.

Вечерва или утре треба да се знае за каква точно повреда се работи, но со оглед на тоа што до крајот има уште точно еден месец, не е исклучено Јамал да го пропушти остатокот од сезоната, а вклучувајќи го и дербито против Реал на 10 мај. Натпреварот беше во прекин оуште десетина минути бидејќи на еден гледач на трибините му се слошило и беше во животна опасност.