Шкотска легенда: Абердин е толку добар само поради – Миовски!

Поранешниот шкотски репрезентативец од 90-те, Данкан Ширер, кој играше и за Челси, а најголем белег остави во Абердин (152 меча-52 гола) го испофали македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и го посочи како клуче за одличниот прв дел од сезоната во кој славниот клуб е трет во Премиершип веднаш зад недопирливите великани Селтик и Глазгов Ренџерс.

Ширер во колумна за „Прес и Журнал“ на „Ивнинг Експрес“ посочи дека Абердин како знае и умее мора да одолее на сите понуди што ќе дојдат на адреса за Миовски, откако веќе една се појави на француски Ремс, а шкотските медиуми објавија дека клубот за пет милиони евра е расположен да го продаде, во очекување на уште низа други понуди, осумпати повеќе од тоа што го плати за него летоска – 624.000 евра.

Целата колумна ви ја пренесуваме во целост.

Француски Ремс е посочен дека во јануари ќе тргне по Бојан Миовски, со план со четири милиони фунти да го добие Македонецот, што е многу пари и би било супер финансиски потег во однос на половина милион фунти кои Абердин ги плати за да го донесе летоска.

Но, за мене Миовски е причината поради која Абердин на паузата поради Мундијалот во Катар ја дочекува на третото место и подготвен да се избори за излез во Европа веќе во претстојното лето. Плус игра во полуфинале на Лига Купот против Ренџерс на почетокот на новата година и верувам дека нема навивач кој не би сакал тимот да го предводи својот најдобар стрелец.

Бојан е човек на одлука моментно, со неговите голови го донесе Абердин таму каде што е, тој е многу паметно момче, имамногу интелигентни движења и над сè е фантастичен реализатор. Абердин донесе фудбалер на долг рок и јасно е дека пред Миовски е голема иднина. А, изгледа дека одлично се прилагоди на клубот, ужива во својот фудбал и дава голови од забава.

Долго време помина кога Абердин имал напаѓач кој е на врвот на листата на стрелци и сигурен сум дека ќе даде уште многу голови во вториот дел од сезоната, ако „Донс“ го задржат.

Самите бројки сè кажуваат – 11 гола на 15 меча! Неговата работна етика е неверојатна и сам може да потврди колку сака да игра тука со начинот на игра.

Светла иднина е пред него!