Шест од шест за Сити – за 14 минути „ѓраѓаните“ ги решија „шумарите“ (ВИДЕО)

Европскиот и англиски првак Манчестер сити ја продолжи перфектната серија во Премиерлигата со шеста победа во шестиот меч, попладнево со 2-0 против Нотингем Форест, остварена за само 14 минути.

„Граѓаните“ продолжија да газат во новата сезона во англиската елита, па мечот не дочека ни прва третина од првото полувреме, а веќе Сити имаше огромни 2-0 откако Фил Фоден донесе водство во седмата минута на асистенција на Кајли Вокер, а Ерлинг Браут Халанд во 14-та ја дуплираше предноста по додавање на Матеуш Нуњес и овие два гола беа решавачки за триумфот.

На Нотингем не му помогна ни фудбалерот повеќе на терен откако Родри по 11 минути во вториот дел доби црвен картон, па Сити умешно знаеше да го зачува резултатот и да не се доведе во проблеми, за да ја постигне целта – нови три бода.

Кристал Палас и Фулам во малата лондонска пресметка одиграа без голови, а Лутон ремизираше 1-1 во Вулверхемптон.