Шампионот го „скроти“ Арсенал: Ливерпул ја докажа класата против „топчиите“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул уште еднаш демонстрираа сила во најважните моменти односно во дерби-пресметката со Арсенал (3-1), со што останаа непоразени по три кола во Премиерлигата.

„Зимницата“ обезбедена од првото полувреме и тоа со пресврт по почетниот гол на гостите преку Лаказет во 25. минута, по што следуваа погодоците на Мане и на Арнолд во 28. и 34. минута. Точка на триумфот стави Жота во 88. минута, односно осум минути откако влезе дебитираше во црвениот дрес. Трагичар, пак, на вечерта беше токму Лаказет, кој во 63. минута беше очи во очи со голманот на противникот, но не успеа да го изедначи резултатот.

Ливерпул сега го дели првото место со Лестер и Евертон, кои исто така имаат максимален учинок, а може да им се приклучи и Астон Вила со оглед што има две победи и меч помалку против лошиот Бурнли. За Арсена, пак, ова беше прв пораз по двата стартни триумфи.