Серија А ги закажа термините на одложените мечеви на Сампдорија и Џенова
Италијанската Влада прогласни вонредна состојба во Џенова, каде се сруши мост и загинаа преку 30 лица.
Поради оваа трагедија беа одложени натпреварите на двете калчолигашки екипи од овој град. Сампдорија требаше да ја пречека Фиорентина, а Џенова да му гостува на Милан.
Сега ФС на Италија ги објави новите датуми за овие средби, па така Сампдорија ќе ја пречека Фиорентина на 18 септември во среда, а Џенова ќе му гостува на Милан на 31 октомври.