Сега Јуве е на потег: Стигна првата понуда за Пјаниќ

Многу шпекулации кружат околу Миралем Пјаниќ. Босанецот сезонава игра во врвна форма па затоа и не чуди големиот интерес за него.

Тој во минатите преодни рокови беше поврзуван со трансфер во ПСЖ, Сити, Челси, Реал Мадрид. Сега француските медиуми пишуваат дека токму ПСЖ одлучил ја испрати првата понуда за фудбалерот од средниот ред на Јуве.

Станува збор за сума од 75 милиони евра. Сепак, „старата дама“ по се изгледа ќе ја одбие оваа понуда и ќе бара повеќе пари. Францускиот шампион веќе некое време бара фудбалер од средниот ред, а дали ќе го најде во Пјаниќ останува да видиме