Сега и нека се отцепи Каталонија: Барселона решила во која лига ќе се натпреварува!

Шпанскиот спортски новинар, Маноло Оливерос, информира дека Барселона ќе остане да се натпреварува во Ла Лига дури и ако Каталонија се отцепи како самостојна држава. На тој начин таа би продолжила да се натпреварува и во Лигата на шампионите и во Кралскиот куп, идентично како што беше и досега.

Меѓутоа, Оливерос информира дека Барса не би го направила тоа без долг и сериозен дијалог со Ла Лига. Не се исклучува и можноста за ново затворање на вратите на „Камп ноу“, како минатата недела во натпреварот со Лас Палмас. На тој начин трибините би останале празни и дополнително би се привлекло вниманието на светот за сериозноста на ситуацијата во Каталонија.

Исто така, новинарот тврди дека во следниов период Барса ќе донесе нови засилувања, а ќе го реши и случајот со договорот на Меси, кој чека потпис за продолжување.

Нов момент е и тоа што Барселона побарала оставка од Фрасиско Рубио, претседателот на Одборот за натпреварување, откако тој напишал непристојни твитови во кои саркастично коментирал за референдумот во Каталонија и ја поддржувал полицијата.