
Се тресе столчето на Тудор, Јувентус бара нов тренер!
По седум одиграни кола Јувентус собра 12 бодови, во моментов е на седмата позиција. Старата Дама има три победи, три нерешени резултати и еден пораз.
Јувентус вчера изгледаше лошо, беше надигран и победен од Комо, па раководство ја почна потрагата по нов тренер.
Прв избор е поранешниот играч на Јувентус, Рафаеле Падалино кој има само 41 година и тренерско искуство во Монца и Фиорентина.
Наводно синоќа во Милано е одржан состанок меѓу Падалино и спортскиот директор на Јувентус, Франсоис Модесто.
Останува да се види дали хрватскиот стратег ќе добие уште некоја шанса да си ја спаси работата или Јувентус ќе реагира во наредните денови и ќе му даде отказ пред следниот натпревар.