
Модриќ испофали свој соиграч: Тој е еден од најдобрите во светот!
Хрватската фудбалска легенда, стана вистински мотор на Милан, донесе искуство кое сега се покажува како пресудно за одличните игри на Милан. А синоќа блесна и Леао кој уште не е стартер поради проблеми со повреди.
„Леао навистина е неверојатен. Едвај чекав да играм со него, за жал брзо се повреди, но сега се враќа во форма. Ова е оној Леао кој ни е потребен“, вели Модриќ.
„Тој е неверојатен талент и кога го гледав на телевизија и сега на тренинзите гледам дека е еден од најдобрите играчи во светот. Неверојатно е што може и да се подобри, само од него зависи. Се надевам дека овие два гола ќе му ја кренат самодовербата и ќе биде наш главен играч, ќе биде многу важно и многу ќе зависиме од него. Вечерва покажа зошто“.
Милан сега е лидер на табелата во Серија А по осум одиграни кола.
„Сега мора да одиме од натпревар во натпревар, растеме, покажавме карактер и квалитет и мора така да продолжиме. Сезоната е долга, но на добар пат сме и кога ќе ни се вратат некои играчи ќе бидеме уште посилни“, заклучи Хрватот.