Винисиус доби „шлаканица“ од ривал: Поради ова, целиот свет те мрази (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид минимално славеа на синоќешното гостување кај Гетафе (1-0) во деветтото коло од Ла Лига, благодарение на голот на Килијан Мбапе во 80-тата минута, во меч кој беше одбележан со тензиите и исклучувањата на двајца домашни фудбалери.

Првиот инцидент се случи во 77-та минута кога Алaн Ниом, само неколку моменти по влегувањето во игра, доби директен црвен картон. Седум минути подоцна и Алекс Санкрис мораше да го напушти теренот поради втор жолт картон. Шпанските медиуми јавуваат дека најголем дел од тензиите биле предизвикани од ѕвездата на „кралевите“, Винисиус Жуниор, кој влезе во игра во 55-тата минута. По исклучувањето на Санкрис, Бразилецот, наводно, ликувал и повторувал „Јас сум многу добар“, што го испровоцирало противникот Хуан Иглесијас да му одговори:

„Затоа те мрази целиот свет. Научи од твоите соиграчи“, му рекол фудбалерот на Гетафе.

Според телевизијата Мувистар, овие зборови ги откриле експерти за читање од усни, додека Мбапе и Милитао се обидувале да го смират Винисиус. Иглесијас по мечот изјави дека „некои работи треба да останат на теренот, но има и ситуации кои не можат да се толерираат“, мислејќи токму на однесувањето на Винисиус. Дополнителна искра во конфликтот дошла и од страна на тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас, кој открил дека и самиот бил провоциран од Бразилецот.

„Откако Ниом доби црвен картон, Винисиус ми пријде и ми рече дека направив добар потег со измената. Тоа не треба да се прави, не треба да така да се провоцира“, изјави Бордалис.

Реал Мадрид со овој триумф се искачи на првото место на табелата во шпанската елита, со два бода пред Барселона.