Се ближи крајот на ерата на Венгер - познат новиот тренер на Арсенал?

Трофејниот италијански стратег Карло Анчелоти би можел по крајот на оваа сезона да го замени Арсен Венгер на клупата на Арсенал.

Според италијанските медиуми, Анчелоти начелно постигнал договор со лондонскиот клуб за висината на платата од десет милиони евра по сезона без бонуси.

Анчелоти е без ангажман од крајот на септември кога беше отпуштен од минхенски Баерн по низата лоши резултати и убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Венгер, пак, ниту оваа сезона не успеа да ги израдува навивачите, кои одамна го загубија трпението со него, па поради тоа разделбата со рекордерот во Премиерлигата е се поизвесна.