Саутемптон со еврогол од „паркинг“ го победи Манчестер сити (ВИДЕО)

Саутемптон дојде до изненадувачки триумф од 1-0 против фаворитот Манчестер сити во рамки на 33.коло во Премиерлигата.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 16-тата минута и беше дело на Че Адамс, кој реализираше на мајсторски начин од огромна далечина. Забележа дека голманот Едерсон е излезен од голот, па со бомба од 40 метри го матираше Бразилецот. За Адамс ова е прв гол за Саутемптон во Премиерлигата.

„Граѓаните“ доминираа, имаа 75 отсто од поседот на топката и 23 шутеви, многу шанси, но немаа реализација за да извлечат поволен резултат.