Сари прави нов циркус: Роналдо нема да игра против Аталанта

Кристијано Роналдо играше одлично за Португалија за време на репрезентативната пауза, но одличниот фудбалер нема да биде во тимот на Јувентус за мечот против Аталанта.

Тренерот Маурицио Сари реши повторно да го отпише Португалецот, а засега не е познато дали станува збор за некаква дисциплинска мерка.

Гостувањето кај Аталанта е едно од најтешките, но Сари, наводно, смета дека Роналдо ќе му биде повеќе потребен за дуелот против Атлетико Мадрид, иако навивачите не веруваат на неговите зборови.

„Роналдо нема да игра против Аталанта. Кога се врати од Португалија, ни кажа дека бил добар во првиот меч, а во вториот почуствувал болка. Тоа е проблем. Нашата цела е Лигата на шампниони, па поради тоа Роналдо ќе игра против Атлетико. Нема потреба од објаснување. Дури и реакциите во аметерскиот фудбал се исти кога ќе ги замените“, вели Сари.