
„Само еден клуб има поголем шанси од Барса за триумф во Лигата на шампионите!“
Според нејзиниот голем талент Ламин Јамал, само Ливерпул е поголем фаворит за европската титула.
„Мислам дека Ливерпул е единствениот тим што има предност пред нас во ЛШ, бидејќи веќе обезбеди пласман во следната фаза. Но, ние веруваме дека можеме да одиме до крај“, изјави Јамал во интервју за „Ел Мундо Депортиво“.
Тој додаде дека Барселона игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа, а тимот не сака да се откаже од ниту еден трофеј.
„Не сакам да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите – ќе атакуваме на двата трофеи“, порача 16-годишниот фудбалер, кој оваа сезона е еден од клучните играчи на каталонскиот гигант.