Само Асенсио ослободен, другарите од Реал за секс-скандалот му завршија во затвор!

Поранешните младинци на Реал Мадрид, Феран Руиз, Хуан Родригез и Андрес Гарсија се осудени на по една година затвор поради порнографија по скандалот со снимање и споделување на итимно видео во 2023 година.

Од друга страна првотимецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио е ослободен од обвинението.

Пресудата официјално беше изречена на судот во Лас Палмас, откако една од жртвите која во тоа време имаше само 16 години потврди дека им простува на фудбалерите. Токму тој потег целосно го ослободи Асенсио кој беше обвинет за споделување на спорната снимка со трети лица.

Исто така таквото сведочење на девојката ја намали казната на преостанатите тројца фудбалери на кои прво им се закануваше и по четири години затвор.

Инаку, Асенсио токму во овие денови беше тема поради нов инцидент откако останал без возачка поради возење во алкохолизирана состојба.