УЕФА подготвува кривична пријава против Инфантино!
Односите меѓу УЕФА и Инфантино се сериозно нарушени, па веќе од Европската куќа на фудбалот побарале од три судови во САД да направат анализа на документите кои се однесуваат на начинот на проценката на вредноста на акциите од Мундијалот кои првиот човек на ФИФА планираше да ги продава на приватни инвеститори.
ФИФА смета дека УЕФА со овој потег директно го напаѓа Инфантино. Сепак, се очекува Светската фудбалска федерација да ги покрие неговите финансиски трошоци во евентуална судска постапка.
Причината за тоа е фактот што Инфантино во овој случај делувал како претседател на ФИФА, а не како приватно лице.