Мурињо не е среќен: Реал Мадрид отвори дисциплинска постапка за Асенсио!
Најмногу внимание привлече драмата со Асенсио, кој се најде во проблеми поради однесувањето надвор од теренот. Тој беше фатен како вози пијан, а извештајот на полицијата покажа дека имал 1,9 промили алкохол во крвта, иако е дозволено да има само 0,5 промили.
„Разговарав со него за случувањата од минатото. Откако сум тука, не разговарам повеќе за теми кои не се поврзани за фудбал. Тој во клуибот е професионалец, прв е на тренинг и последен заминува. Сепак, тој е играч на Реал седум дена во неделата, 24 часа дневно, сè што прави надввор од тимот, а штети на имиџот на клубот, ќе мора да се санкционира. Клубот води дисциплинска постапка“, кажа Мурињо.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.