Скапото засилување на Вардар си замина: Се чувствувам ослободен!
Родригез пристигна со големи најави и очекувања, но на крајот неговата епизода во црвено-црниот дрес завршува по само два месеци со само шест одиграни натпревари во кои постигна еден гол и подели две асистенции.
„Сега конечно се чувствувам ослободен, сакам да одам некаде каде што ќе се чувствувам како дома“, порача меѓу другото Родригез.
Во последниот период поранешиот репрезентативец на Луксембург воопшто не беше во составот на Вардар за натпреварите, а исто така и тренираше одвоено.