Џеко емотивно најави збогување од дресот на Босна: Дојде време...
Последниот натпревар во националниот дрес ќе го одигра на 2 октомври против Шведска во Лигата на нациите. Одлуката ја потврди со објава на социјалните мрежи. Во својата објава Џеко ги опиша емоциите што ја следат неговата одлука и ги повика навивачите да бидат со него на последниот натпревар.
„Понекогаш се прашував кога ќе дојде овој момент, но не можев ни да замислам колку емоции ќе ме преплават додека ги пишувам овие зборови. Против Шведска на 2 октомври ќе го одиграм мојот следен и последен натпревар за нашата репрезентација. Ништо во мојата кариера не може да се спореди со гордоста што ја чувствував секогаш кога ќе го облечев тој дрес. Апсолутно ништо. Тоа беше мојот детски сон, сон кој ме следеше во секој од 151 натпревар на кој имав чест да ја претставувам својата земја на теренот.“
„Секогаш бев подеднакво горд како и првиот пат. Поминаа речиси дваесет години од оној натпревар против Турција. Оттогаш многу работи се променија, се променив и јас, но мојата љубов кон овој дрес никогаш не се промени. Сега чувствувам дека е време за повлекување. Ако со репрезентацијата ја дочекав својата 40-та година, тоа е затоа што секогаш го давав максимумот“, напиша Џеко.