Проблем за Јувентус: Заврши годината за Турам
Како што соопшти торинскиот клуб, 25-годишниот француски играч за врска бил опериран на клиника во Лион, а сега му претстои период на рехабилитација. Според првичните проценки, Турам би можел повторно да заигра на почетокот на следната година, што значи дека практично ќе го пропушти целиот прв дел од сезоната.
Неговото отсуство претставува голем проблем за тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, особено поради фактот што Турам е еден од поважните играчи во средниот ред на „старата дама“.
Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот што Јувентус веќе има проблеми со повредени играчи. Надвор од составот се и Кенан Јилдиз и Хуан Кабал, па Спалети во наредните месеци ќе мора да бара алтернативни решенија на неколку позиции.
Bollettino Medico | Le condizioni di Thuram e Cabal
— JuventusFC (@juventusfc) September 3, 2026
➡️ https://t.co/2YsuUheGGT pic.twitter.com/q1wHLHEWC0