Салах удри по навивачите на Ливерпул: Покажете малку почит!

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Мохамед Салах реагираше на објава на популарен профил на навивачите на клубот и побара поголема почит кон фудбалерите кои го напуштиле актуелниот англиски шампион.

Салах не се сложи со споредбите на новите засилувања со Луис Дијаз и Дарвин Нуњез, кои си заминаа од „Енфилд“.

„Што велите на тоа да славиме за одличните засилувања без да покажеме непочит кон шампионите“, објави Салах.

Фото: Facebook/Liverpool FC