Сагата продолжува: Мауро Икарди пред портите на Јувентус!?

Мауро Икарди е дефинитивно на излезна врата од Интер. Откако му беше одземена капитенската лента, Аргентинецот одлучи да не патува со составот во Виена, каде што Интер го очекува натпревар против Рапид. По ова може да се заклучи дека во следниот преоден рок Икарди сигурно ќе го напушти клубот, но каде ќе се пресели, можеби во Јуве!?

Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, преминување на Икарди во лутиот ривал Јувентус е реална опција. „Бјанконерите“ и минатото лето беа сериозно заинтересирани за неговите услуги, но сепак се решија да го доведат Роналдо. Јуве е „тенок“ на позицијата класичен напаѓач, го има само Марио Манџукиќ, па така раководството на клубот е во сериозно размислување - дали Икарди треба да пристигне во Торино.

Кога Јуве беше заинтересиран за Икарди, тогаш напаѓачот не обрнуваше многу внимание, но сега и тој е свесен дека негова евентуална преселба во силниот состав на „старата дама“ би значело многу за неговата кариера.