Сабицер сака да остане во Манчестер јунајтед, но се прашува Баерн Минхен
Фудбалерот е среќен во Манчестер јунајтед, но и клубот е презадоволен од неговите игри откако пристигна на Олд Трафорд, двете страни сакаат соработката да продолжи.
Но, Сабицер е на чиста позајмица од Баерн Минхен, без опција за откуп, па германскиот клуб ќе го има клучниот збор. Тие ќе треба да определат обесштетување за трансфер.
Работите ќе зависат и од новиот тренер, Томас Тухел кој ќе треба да каже дали ќе смета на Сабицер.