Руни не му остана должен на Роналдо – веднаш му одговори!
Меѓу тие што не му останаа должни и брзо му одговорија беше токму Руни.
„Гери и Вејн со критиките кон мене добиваат на популарност. Можеби ми се љубоморни, не знам. Не сум другар со нив, бевме само колеги и тие се само дел од моето патување. За разлика од нив, Рио Фердинанд и Рој Кин се секогаш на моја страна. Кин е најдобриот капитен кој некогаш сум го имал“, изјави Роналдо за поранешните соиграчи.
Одговорот на Руни и не беше толку жесток како што се очекуваше.
„Кристијано е фантастичен фудбалер, со Меси веројатно се најдобрите кои ја играле оваа игра. Годините сепак нѐ стигнуваат сите, па така и него, а на Кристијано му е тешко да се справи со тоа. Направи интервју и тоа стана глобално. Некои од коментарите таму се навистина чудни, меѓутоа сигурен сум дека во Манчестер Јунајтед ќе знаат како да се справат кога ќе го погледнат целосното интервју“, изјави Руни.
Интервјуто на Роналдо беше емитувано во два дена и тоа завчера и вчера и предизвика огромен интерес во целиот свет.