
Руни му фаќа сеир на Ван Дајк: Навикнете се на терминот од 12:30
„Тој е капитен и зборува како Ливерпул е надигран во борбата со Евертон. И повторно слушаме жалби зошто ќе играат од 12:30 часот и тоа откако загубиле дерби дуел. Па, сега сите од Ливерпул би требало во 8 часот изутрина да се 'нацртаат' на тренинг бидејќи кога ќе се загуби еден натпревар, едвај чекаш да дојде следниот. Навикнете се на тоа бидејќи е дел од вашата работа“, порача Руни.
Од Ливерпул и порано се жалеа што играат во терминот од 12:30 часот, пред се поради дуелот со Манчестер Сити, одигран во ноември. Сепак, не смее да се заборави дека и Руни како фудбалер имаше поплаки на тој термин, па саркастично коментираше дека не е лесно да се јаде паста во 9 наутро.