Рудигер влетал во соблекувалната на Сосиедад и викал „Да живее Атлетик Билбао“

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер направил скандал по мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (1-0) во полуфиналето на Копа Дел Реј.

Рудигер влегол во противничката соблекувална и почнал да вика „Да живее Атлетик Билбао“ со цел да ги испровоцира ривалите.

Познато е дека Реал Сосиедад и Атлетик Билбао се големи ривали, а Рудигер со овој потег ги налути навивачите на баскискиот тим, кои најверојатно пеколно ќе го пречекаат следниот пат.