Руди Гарсија си заминува од Марсеј

Олимпик Марсеј митата сезона играше во финалето на ЛЕ, додека сезонава игра сезона за заборав. Францускиот клуб во групната фаза се опрости од ЛЕ, а во Лига 1 беа катастрофални и не успеаа да изборат пласман во некој од европските натпреварувања.

Затоа на „Велодром“ бараат виновник за лошата сезона, а според последните информации тоа ќе биде тренерот на клубот Руди Гарсија, кој сам најави дека ќе си замине.

„Подобро е сега да се разделиме. Тимот ништо како што треба не направи сезонава, а не направив ниту јас“, изјави Гарсија.

Марсеј како негова замена го сака поранешниот играч на клубот, дефанзивецот Гавриел Хаинце.