Рубен Невеш дава само евроголови (ВИДЕО)

Рубен Невеш постигна фантастичен гол од далечина за Вулфс да му донесе на својот тим израмнување против Манчестер јунајтед во рамки на Премиерлигата. 

Португалецот има интересна статистика во дресот на англискиот тим. Тоа за него беше вкупно 13-ти гол во кариерата за Вулфс и тоа 10-ти од надвор од шеснаесетникот. Останатите три ги има постигнато од пенал.

Дефинитивно Невеш постигнува само евроголови.