Роналдињо е господин: Модриќ си ја заслужи “златната топка“!

Ако Лионел Меси и Кристијано Роналдо не дојдоа синоќа за да се поклонат пред новиот најдобар светски фудбалер Лука Модриќ и да честитаат како господа, затоа што се најде некој што ја прекина нивната децениска доминација, господин излезе поранешниот голем фудбалски виртуоз Роналдињо.

Бразилскиот велемајстор отворено му честита на Модриќ за најпрестижната фудбалска награда, која вчера во Париз ја доби хрватската суперѕвезда од Реал Мадрид.

„Честитам Лука! Имаше фантастична година и тоа како си ја заслужи оваа награда“, рече Роналдоњо.

Бразилецот со оваа изјава замолкна многу критичари, кои сметаа дека Модриќ не треба да ја добие „златната топка“ за најдобар фудбалер и дека таа треба да му припадне на некој од францускиот национален тим.